Македонија

Груби: Комисијата за спречување на корупција нема ниту еден успех

Првиот вицепремиер Артан груби во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека не верува во капацитетот на актуелниот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата.

„Деновиве ја отфрлија пријавата против мене во ДКСК на поднесокот на ВМРО-ДПМНЕ. Огромно мнозинство од случаевите се или изгубени по административни постапки или отфрлени од судиите и се надевам дека следниот состав ќе биде посериозен. Нема ниту еден успех. Јас на времето ги интервјуирав и очекував повеќе.

Верувам во институцијата, но имам сомнежи во капацитетите на луѓето. Во мандат од четири-пет години дали имаат еден единствен случај успешен во постапките“, рече Груби.

Ова министерот за политички систем го кажа додека беше прашуван за мислење за купувањето на деловниот објект „Соравија“ од страна на внукот на ДУИ, Али Ахмети, како и по ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на САД.
„ДУИ ја прифати целата политика на санкционирање, ја почитуваме одлуката на САД и согласно тоа се донесоа одлуките за членството на Мерко, а и тој излезе во јавност дека ќе соработува со сите институции во земјата“, наведе Груби.

На почеток