Скопје

(ФОТО) Директорката на „Комунална хигиена“ тврди дека сметот се чисти, контејнерите се уште полни

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се пофалија дека извојувале победа во битката со ѓубрето, а тоа го направи и градоначалничката Данела Арсовска – додека контејнерите и натаму се преполни. На повеќе локации во Скопје екипата на „Макфакс“ улови десетици неиспразнети контејнери иако речиси сите скопски општини посочија дека тие се празни.

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, преку социјалните мрежи порача дека успеала да извојува уште една победа во интерес на жителите на градот.

На прес-конференција директорката на ЈП „Комунална хигиена“ посочи дека сметот се чисти.

„Работата на ‘Комунална хигиена’ е вратена во нормала, а сметот се чисти“, изјави Мазнева.

На почеток