СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.И.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“. На 23.11.2018 година во Штип на улица „Вера Циривири Трена“ пријавениот од раце и го одзел паричникот на Л.К.(60) од Штип.
Истиот ден во Штип на улица „Стојан Рибата“ пријавениот од раце и го одзел паричникот на Д.Г.(70) од Штип. На 27.11.2018 година околу 17.40 часот во Штип на улица „Стојан Рибата“ пријавениот физички ја нападнал Б.Ц.(58) од Штип и и ја одзел чантата.