Скопје

Лајка започнува со стратешко заловување во општина Ѓорче Петров

Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Ѓорче Петров.

Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (24-28 јули) ќе заловува во општина Ѓорче Петров и тоа во следните реони: Ѓорче Петров, Ѓорче 2, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука итн.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]

На почеток