На 25.01.2019 година во 17.00 часот во Скопје на улица „Босна и Херцеговина“ непознато лице управувајќи патничко моторно возило “Мерцедес“ удрилo во пешакот И.С.(19) од Скопје, по што возилото го напуштило местото на настанот.
Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и пренесен е во Градска општа болница “8-ми Септември“.
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.