Сениорките и јуниорките на ЖКК „Бадел 1862“ од Кисела Вода утре на домашен терен ќе ги одиграат првите првенствени натпревари оваа година.
Во спортската сала „Независна Македонија“, со почеток во 12:00 часот во рамки од последното коло од првиот дел од првенството сениорската екипа на „Бадел“ која полусезоната ја заврши без пораз во лигата, а воедно беше прогласена и за најдобра за 2018 година силите на теренот ќе ги одмери со тимот на „Струга 2009“. Додека во истата сала, со почеток во 14:00 часот младите „баделки“ во М16 конкуренција ќе им се спротивстават на кошаркарките на „Струга 2009“.
