На 26.01.2019 година околу 15.50 часот во Гевгелија, на улица „Маршал Тито“ во продавница за производи од железо настанал пожар при што вработениот Љ.А.(40) од Гевгелија починал, а со повреди се здобиле вработените А.Ј.(46), П.Д.(39), В.Б.(42), И.З.(42) сите од Гевгелија и М.Ј.(29) од село Прдејци.
По укажана лекарска помош во Општа болница Гевгелија лицата се пуштени на домашно лекување. Со повреди се здобил и В.Ј.(30) од Гевгелија кој, по укажана лекарска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. Причина за пожарот, според првичните сознанија е експлозија на плинска боца која В.Ј. ја донел за да се монтира горилник.
Од страна на Противпожарна екипа пожарот е изгаснат. Извршен е увид на местото на настанот, по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.