На 26.01.2019 година во СВР Битола, Н.С.(35) од Битола пријавила дека се сомнева дека Ј.Т.(81) која живеела сама на улица „Партизанска“ во Битола е почината, бидејќи не се јавува на мобилен телефон и не ја отвора вратата. По овластување на Јавен обвинител влезено е во станот при што лицето е пронајдено починато.
Смртта е констатирана од лекар од Итна медицинска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде дадено за обдукција.