Вчера горело на 10 локации низ државата, денес нема активни пожари

Од
Објавено на

ЦУК известува дека вчера,11.08.2023 година (петок), според информациите од регионалните центри за управување со кризи, пожари на отворен простор имаше вкупно 10.
Нема активни пожари утрово.
Инаку беа згаснати следните пожари, во:
Град Скопје, 2 (сува трева)
Општина Куманово, 5 (сува трева и стрниште)
Општина Врапчиште, 1 (сува трева)
Општина Валандово, 1 (сува трева)
Општина Гевгелија, 1 (сува трева, стрниште, напуштени лозови насади).
