Министерството за труд и социјална политика нajостро ги демантира невистините што ги шири здружението „5 ДО 12“.
„Најодговорно тврдиме дека нема информации за злоупотреба на деца во мали групни домови и згрижувачки семејства. Исто така МТСП до овој момент, нема добиено никаква писмена забелешка од страна на граѓанското здружение “5 ДО 12” поврзани со наводна злоупотреба и негрижа за децата.
Секој кој што тврди дека има сознанија и докази, го повикуваме писмено да ги достави и пријави во надлележните институции, во спротивно ќе се сметаат за соучесник во истите.
Она што сакаме да потенцираме е дека Центрите за социјална работа имаат евиденција за сите деца без родители и родителска грижа кои се сместени во згрижувачките семејства и малите групни домови. Исто така, има прецизни статистики колку деца има и точно се знае каде е згрижено секое дете. Центрите имаат и евиденција, колку слободни згрижувачи има на располагање во тековниот месец.
Процесот на деинституционализација МТСП го спроведува со поддршка од меѓународните партнери УНИЦЕФ, УНДП и Европска делегација и за истиот постои Акциски план и Национална стратегија. Со системското решение, секое дете без разлика дали е сместено во мал групен дом, или згрижувачко семејство добива континуиран стручен надзор од вработени во Центрите за социјални работи и од вработени во малите групни домови. Згрижувачите се во постојан 24 часовен контакт со социјалните работници, а семејствата се посетуваат и по неколку пати месечно.
Исто така, надзор во малите групни домови и кај згрижувачките семејства врши Заводот за социјални дејности и Секторот за инспекциски надзор во Министерството.
Апсолутна лага е и дека и тврдењето дека не постои стадарди и систем за избор на згрижувачки семејства како и обуки за згрижувачите. Најодговорно тврдиме дека постои соодветен систем за регрутирање и обука на соодветни згрижувачки семејства и истата ја спроведуваат Центрите за социјална работа по Програма подготвена од страна на ЈУ Завод за социјални дејности. Исто така сите згрижувачи ја поминуваат ПРАИД обуката која е лицинцирана програма и се применува во најразвиените европски земји.
Со новиот Закон за социјална заштита кој е во собраниска процедура се придвидува и зајакнување на оваа поддршка преку формирање на посебни центри за поддршка на згрижувачките семејства кои ќе вршат проценка, обука и мониторинг на згрижувчките семејства“, велат од Министерството за труд и социјална политика.