Владата на СДСМ ги заборави младите. Сега младите во државата се без никаква перспектива, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од опозиција СДСМ ветуваше дека ќе ги врати младите и ќе ја намали младинската невработеност. Но, ништо од тоа не е реализирано.
Бројката на иселување на млади од ден на ден се повеќе се зголемува.
Младинската гаранција со која се фалеа во текот на изборите испадна една голема лага. Од проект кој ќе понуди вработување, дообучување или практиканство за сите млади по нивното завршување се претвори во обична лага.
СДСМ нанесе само штета врз државата и граѓаните. СДСМ мора да си замине. Потребни се итни и неодложни парламентарни избори заедно со претседателските“, се наведува во соопштението.