Македонија

(Видео) Таткото Александар Ѓорчевски се слуша на снимката за киднапирањето и убивањето на Вања – не се знае кој е интересот за објавувањље на материјалите

Гласот на објавената снимка од српскиот политичар Срѓан Ного, е ист како на Александар Ѓорчевски, татко на киднапираната и убиената Вања Ѓорчевска, тврдат извори вклучени во истрагата за „Скопје1“. Во снимката се слуша како таткото, објаснува за две возила кои поминале кај кафуле близу Министерството за култура, во Дебар Маало.

„Еве тука проаѓа со истите тие две коли со кои го фаќаме карши Лукоил, значи тоа е колата. Еве го, еве ги поминаа. Еве го последен е застанат од страна. Се враќа во рикверц. Он подзастануваше претходно на Лукоил. И сега се престројува во.. Може и право да иде. Еве го се престројува позади ова ‘Берлинго’ ли, што е, не знам. Ова е кај ‘Папилон’, карши Буњаковец“, вели лицето во снимката.

„Скопје1“ упати низа прашања на неколку од профилите на српскиот политичар Ного, но тој не одговори на ниту еден од нив. Прашавме како ги добил снимките, дали тој се познава со осомничениот за организација и реализација на убиствата Љупчо Палевски-Палчо, како и која е целта на објавите на материјалите. Засега, молк.

До овој момент, не се знае ниту каде се снимени материјалите кои сега јавно се емитуваат. Таткото Александар Ѓорчевски, во текот на истрагата, изјави давал во полициска станица, а инспектори го посетуваа и во домот каде живееше убиената Вања, односно во зградата каде таа беше киднапирана.

Обвинителството излезе со информација дека споделувување на вакви снимки не преставува загрозување на истрагата. Но не одговараат, дали некој ќе проверува кој снимал и зошто, како и кој снимките ги предал кај политичарот од Србија.

На почеток