Македонија

М-НАВ е станата семејна фирма, до трето колено се вработувале, вели Ковачевски и бара меѓународна инспекција за исконтролира

М-НАВ е станата семејна фирма, „Еуроконтрол“ да направи контрола, побара премиерот Димитар Ковачевски. Според него, таму има вработувања до трето колено, а како пример го наведе вработувањето на претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски, неговиот татко и брат.

„Таа институција треба посериозно да се позанимава, не само Владата туку и ‘Еуроконтрол’. Нивното финансирање е од таму. Има неколку аспекти кои треба да се анализираат. Таа фирма сметам дека е станата семејна фирма. Има до трето колено запослувано. Претседател на синдикат, татко му работел таму, брат му работи таму. Тие функционираат како семејство. Премногу случајности има во таа организација“, рече Ковачевски.

Тој кажа дека повикале како Влада инспекција да влезе во Синдикатот на контролорите на летање, но дека тоа не е притисок.

„Ќе има инспекциски надзори на синдикатите од Трудовиот инспекторат. Ова не е притисок врз синдикатите, бидејќи законска можност е да се врши надзор врз синдикатите, дали излегуваат од своите надлежности. Тоа е законска одредба која не значи притисок“, додава Ковачевски.

На почеток