Свет

Израел: Го уништивме најголемиот тунел на Хамас досега

Експлозија во близина на Москва, едно лице загина, над 50 се повредени

Израелската армија објави дека го уништила најголемиот тунел на Хамас досега откриен во Појасот Газа, пишува dpa. Тунелот со неколку краци, кој беше пронајден на северот на крајбрежната област во средината на декември минатата година, беше истражуван и уништен во последните недели, објави израелската армија. Војската објави и видео снимки на кои се гледа како делови од тунелот се разнесуваат и војската фрла бетон на други делови.

Информацијата не можеше да се потврди независно. Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека возилата можеле да поминат низ тунелот, кој се протегал повеќе од 4 километри и бил длабок повеќе од 50 метри. Тунелскиот систем се наоѓа на 400 метри од граничниот премин Ерез меѓу Израел и Газа, но не се проширил на израелска територија, соопшти ИД.

ИД тврди дека системот го изградил Мухамед Ал Синвар, братот на Јехја Ал Синвар, кој ја предводи милитантната палестинска организација Хамас во Појасот Газа. Според извештаите на израелските медиуми, тунелот води до Џабалија, бегалска населба во северниот дел на Газа, која се смета за упориште на Хамас.

На почеток