Македонија

Да не се заборави, за да не се повтори: 7.144 Евреи од Македонија, биле однесени во логорот на смртта Требленика

Речиси половина од британските Евреи размислувале да ја напуштат Велика Британија, покажуваат анкетите

Еврејската заедница во Македонија и фондот на холокаустот на евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот.

Им се оддава почит на 7.144 Евреи кои на денешен ден во 1943 година од тогашниот бугарски окупатор биле собирани и транспортирани во концентрациониот логор на смртта Треблинка од каде никогаш не се вратиле. Откако сите Евреи, од Скопје, Битола, Велес, Штип и од други места, биле собрани во Монополот во Скопје, на 22 март биле транспортирани во фашистичкиот логор „Треблинка“ на територијата на Полска.

Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред споменикот на депортираните евреи во кругот на поранешниот скопски Монопол каде свежо цвеќе ќе положи државна делегација. Вечерва ќе се одржи комеморативната вечер по повод 81 годишнина од холокаустот на македонските Евреи.

На почеток