Видео и Фото

Нов видео спот и песна за монашкото секојдневие во Бигорскиот манастир

„Среде пустинската убост“ е насловот на песната посветена на монашкото секојдневие, која што деновиве доби и свој видео запис. На наша голема радост, денеска Ви испраќаме линк од веќе готовиот видео спот, изработен од врвни професионалци кои што подолг период наназад престојуваа во Бигорското светилиште, со цел да го доживеат и што поавтентично да Ви го пренесат секојдневниот монашки живот во Обителта.

“Среде пустинска убост” зборува за монашкото секојдневие. Создадена е од светогорски монах, а Бигорското братство успеа да ја преведе и препее, и да создаде композиција што плени со своите стихови. Во нив е искажана длабочината на монашкиот живот, а топлата архаична мелодија го пренесува мистичниот амбиент во кој што живее  монахот.

Бигорската обител изразува голема благодарност до сите учесници во проектот и пред се’ до Вас медиумите, со чија помош пораката ќе стигне до целата македонска јавност.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток