(Видео) Луѓето масовно бегаат во Белгород


Во Белгород, поради ракетна закана, луѓето кои дошле да гласаат биле принудени да го напуштат избирачкото место и да трчаат во прифатилиште.
Ова го потврди очевидец на руската државна новинска агенција РИА Новости.
По откажувањето на воздушната тревога, жителите на Белгород се вратија на гласачкото место и продолжија да гласаат.
Пораката за опасност од ракетен напад врз Белгород и Белгородската област е објавена во 08:10 часот по московско време. Од граѓаните беше побарано да останат дома и да не се доближуваат до прозорците. По 14 минути алармот беше укинат.
Инаку, руските гласачи утринава почнаа да излегуваат на гласање, за тридневните претседателски избори кои сигурно на Владимир Путин ќе му донесат уште еден шестгодишен мандат. Путин има три формални ривали: Леонид Слуцки, Николај Харитонов и Владислав Даванков.
Градоначалникот на Белгород, Валентин Демидов, го објави нападот на неговиот канал Телеграм. Тој објави дека бројот на жртви се искачи на три. „Белгород утрово беше подложен на уште еден терористички напад од страна на украинските вооружени сили. Возам низ градот“, рече тој.
„Двајца мажи се повредени. Едниот е хоспитализиран со неколку скршени ребра и набиени гради. Другиот е префрлен во медицинска установа бидејќи лицето му било исечено од шрапнели. И една жена пријавила со потрес на мозокот и расекотина на прстот. но таа одби хоспитализација“, додаде тој.
Гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков соопшти дека се оштетени 23 стана во седум станбени згради, два трговски центри, училиште, стадион и осум автомобили. Тој истакна дека итните служби се на терен. Се појавија повеќе видеа од нападот, вклучително и едно на кое се гледа како проектил удира во камион.
💥 Anti-Putin Russian liberation forces continue to shell Belgorod for the 2nd day in a row. Russia is turning into a warzone. pic.twitter.com/JFGWB4MIWS
— Igor Sushko (@igorsushko) March 15, 2024
🇺🇦🇷🇺 Belgorod under fire again. 5th day in a row. pic.twitter.com/vzBxUMx2Z7
— Geopolitics Pro🇱🇻 (@Geopolitics_pro) March 15, 2024
