Македонија

Од каде тоа дека Стевчо е поголем криминалец од Ахмети, Груби, Османи? Зошто на црна листа пред избори не се ставаат луѓе од ДУИ? , прашува Најчевска

Груби ги охрабрува институциите да го гонат него, Ахмети, Ковачевски, ако сториле злоупотреби и да одат до крај

Професорката Мирјана Најчевска елаборираше зошто е погрешна одлуката на САД за ставање на црна листа на Катица Јанева и Стевче Јакимовски.
Нивниот став во целост: „Ова е проблематично по повеќе основи.
Прво, што андрак бара сега Катица Јанева на црна листа на Американците кога жената која тие ја донесоа за специјален јавен обвинител е во затвор.

Второ, крајно несоодветно на ваков начин да се атакува од странска држава претседателски кандидат непосредно пред избори. Тоа Американците си го дозволуваат само спрема Путин колку што се сеќавам.

Трето, ако веќе си дозволуваат вакво вмешување, од каде тоа излезе дека Стевчо е поголем криминалец од Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи и целата мафијашка банда? Ако веќе некој се става на црна листа пред избори зошто не се ставаат луѓе од ДУИ? За да се задржи ДУИ во власта?“, пишува таа.

На почеток