Македонија

Димитриеска Кочоска: Програмата 1198 на ВМРО-ДПМНЕ предвидува нулта толеранција за криминал и корупција

„Буџетот е далеку од добар и состојбата која ќе ја наследиме е многу тешка. Во изминатиот период некаде почетокот на јануари економскиот тим работеше многу интензивно на проекции кои ги правеше до 2028 година бидејќи програмата ни е многу внимателно работена врз точни податоци и сериозни проекции кои се претставени“, истакна потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Заспиј ако можеш“.

Таа продолжи и додаде дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е темелена врз неколку основи.

„Појдовната основа како е правена програмата беше тоа дека ќе имаме стоп корупција и нема да има толеранција со корупција, борба со криминал, сива економија на највисоко ниво. Сериозна борба затоа што сметаме дека ние мора да останеме на нивото на рамни ниски даноци“, рече Димитриеска Кочоска.

Таа истакна дека 1198 проекти не сите бараат финансиски средства , туку во нив има и кратење на финансиски средства.

„Тие 1198 проекти не сите тие бараат финансиски средства, туку значат и кратење на финансиски средства. Во проектите имаме намалување на бројот на пратеници, управни и надзорни одбори, заменици директори итн., ќе направиме централизирање на клиничкиот каде економските директори понатаму нема да ги има. Секаде каде што сметаме дека непотребно се „функционери“ сето тоа ние се потрудивме на некој начин да го избришеме и тргнеме настрана. Дел од институциите ќе ги поврземе во една за да скратиме максимално од трошоците колку можеме“, децидна е Димитриеска Кочоска.

Таа вели дека секоја една мерка е внимателно срочена со кос бенефит анализа. Таа додаде дека ќе создадат фер услови во бизнис секторот затоа што тој е моторот на државата.

„Многу се внимаваше да не оштетиме и направиме штета на никого, но во исто време секоја една злоупотреба да биде казнета“, изјави Димитриеска Кочоска.

Таа заклучи дека се нема простор да се оптоваруваат граѓаните со даноци. Мора да се каже стоп со корупција и да работиме на борба со сивата економија, тоа се алтернативите во моментов.

На почеток