Стојаноска: На 24 април да заокружиме број 2 за Силјановска Давкова затоа што таа го промовира концептот претседател за сите


,,Денес сум во Гостивар и денот го започнавме од градскиот пазар бидејќи вторник е пазарен ден во Гостивар. Интересно е тоа што и луѓето кои продаваат, но и оние кои купуваат се незадоволни. Едните затоа што производите ги продаваат по незадоволителни цени, а другите затоа што ги купуваат по прескапи цени и едните и другите се незадоволни од оваа власт затоа што велат дека ова се должи токму на оваа поткуплива и незаинтересирана власт за граѓаните.
Затоа на 24 април ќе го заокружат бројот 2 бидејќи професорката Гордана Силјановска Давкова го промовира концептот претседател за сите и таа ќе биде од страната на народот, а не од страната на елитите кои не доведоа до ова. Македонија повторно ќе биде горда и повторно на сите нејзини граѓани.”, вели Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
