Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Разрешувањето на медицинскиот директор на токсикологија е одраз на негативната селекција во здравството од СДС и ДУИ

,,Разрешувањето на медицинскиот директор на Клиника за токсикологија е уште еден показател за негативна селекција во здравството, а воедно и поддршка за самоволието на некомпетентни економските директори.

Токму ваквото владеење по принципот „како до сега“ е одраз на функционирањето на власта во заминување за која синоним се сомнителни набавки, непотизам и дуализам во здравството кој што е основа за самоволие и уцени, наместо професионализам и промоција на проекти за унапредување на здравствениот систем. Прашуваме:

Дали се точни информациите дека економската директорка Иљази за два месеци го зголемила долгот за два милиони денари?

Дали воопшто доаѓа на работа економската директорка и со кои компетенции и работно искуство доаѓа на оваа позиција?

Дали се точни информациите дека поради одбивање да потпише согласност за договор на дело за двајца дипломирани биолози, токсиколошката лабораторија веќе два месеци не врши валидација на издадените резултати?

Крајот се приближува на ваквото незаконие. ВМРО-ДПМНЕ во платформата #1198 се обврзува дека ќе стави крај на ваквиот дуализам и укинување на организациските директори на клиниките. Ќе воведеме мерит систем и избор по компетентност и способност. Со оваа мерка и укинување на управните одбори ќе заштедиме средства кои вистински ќе се пренасочат за потребите на здравствениот систем.”, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток