Приведен албански државјанин кој бил баран од Интерпол-Париз
Од
Објавено на
На 16.05.2024 во 21.55 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода Д.М.(26) од Република Албанија, затоа што по извршени проверки било констатирано дека во оперативната евиденција е со мерка апси по барање на Интерпол – Париз, Франција.
Лицето било спроведено во Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.