Деспотовски: Оставката на Ковачевски е задоцнет чекор
![Avatar](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2021/09/xd-80x80.jpg)
![Деспотовски: Оставаме успешна година зад нас, имаме просечен раст на бруто плати од 20% и 18.000 работни места](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2023/12/Деспотовски-Оставаме-успешна-година-зад-нас-имаме-просечен-раст-на.jpg)
Директорот на ТИРЗ и поранешен кандидат за претседател на СДСМ, Јован Деспотовски смета дека вчерашната оставка на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски е задоцнет чекор, но сепак чекор во вистинска насока.
,,Како член на СДСМ вчера добив информација дека партискиот претседател има поднесено оставка, што е задоцнет чекор, но чекор во вистинска насока. Мораше да се случи многу порано. Очеквам овој чекор да го следат и сите останати членови на партијата за да можеме веднаш да примене во делот на отворена дискусија кои се причините за овој резултат, катастрофален дебакл. Факт е дека бројот на гласови е на историски минимум за жал. Мора да гледаме како понатаму.”, вели Деспотовски.
По вчерашната оставка на Ковачевски можно е повторно да влезе во трката за претседател на оваа партија.
![](https://skopje1.mk/wp-content/uploads/2022/01/2222.png)