Македонија

Сашо Мијалков од утрово е на слобода

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, утрово се одјавил од струшкиот затвор.

„Замина денеска, 9:20 – 9:30 часот. Куќниот ред го почитуваше, беше добар пример и за другите осуденици, им помагаше и на останатите во работните ангажмани внатре во затворот, во средување на паркот итн“, вели Ваљон Ќура, директорот на казнено-поправниот дом.

Тој ги отфрла како шпекулации сомнежите во јавноста дека Мијалков воопшто не ни престојувал во затворот.

Мијалков излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

На почеток