Македонија

(Видео) Падна потпорниот ѕид над Детска клиника во Клинички центар

Потпорниот ѕид на улицата која минува над Клиничкиот центар, над Детската клиника, се сруши, потврди ЦУК.

„Неколку граѓани пријавија дека потпорниот ѕид над Клиниката за Детски болести е во лоша состојба. Од наша страна беа известени сите надлежни институции, за преземање на сите потребни мерки. После 1,5 година не е преземено нешто, и наутро добивме пријава дека дел од овој ѕид е срушен, а прашање е кога ќе се сруши и останатиот дел од ѕидот. Затоа апелираме до сите да се зафатат со оваа опасност за граѓаните. Може да дојде и до рушење на дел од улицијата, по што можна е поголема трагедија. Од страна на ЦУК во повеќе наврети е инвертернирано, односно се испратени дописи, но и во низа други јавни претрпијатија. Затоа апелираме за итна координација и итно надминување на оваа опасност“, рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

На почеток