Македонија

Тетовец пронајден мртов во својот дом, телото предадено на обдукција

Вчера во 14.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека И.И.(77) од Тетово е пронајден починат во својот дом.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а пo наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

На почеток