Срамно однесување на вработени во позната скопска игротека, избркале тригодишно тешкоподвижно девојче болно од церебрална парализа
Дискриминирано и избркано тригодишно тешкоподвижно девојче болно од церебрална парализа од скопска игротека, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД).
„Се утврдува директна дискриминација врз основа на ментална и телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги од страна на посочената игротека од Скопје“, стои во одлуката на КСЗД.
Таткото на девојчето предходно се јавил во игротеката од каде добил дозвола од друга вработена мајката да го внесе болното девојче и да остане со него внатре, кога дошле во игротеката, претпоставената ја избркала мајката.
На одење со расплаканото дете в раце, таткото најавил дека за овој настан ќе објави на социјалните мрежи, по што претпоставената кажала: „Ако, објавете!“.