Македонија

Почина новинарот Иван Андреевски

Почина Иван Андреевски, еден од доајените на македонското новинарство, денес на 76 годишна возраст. Неговите најблиски но и соработниците го познаваа како Иван Мачето.

Основач е на скопската програма и утринската програма на МРТ.

Во долгогодишната новинарска кариера Андреевски бил директор и одговорен уредник на Телевизија Скопје од1986 до 1990 година, а бил дописник и на странски медиуми како Ројтерс, Слободна Европа, Јутел.

На почеток