Македонија

Почина новороденче во Битолската болница, таткото бара одговори

Новороденче починало ден откако било родено во Клиничката болница во Битола. Несреќата се случила на 15 јуни, а бебето било родено претходниот ден со царски рез. Бебето во саботата било транспортирано од Битолската болница до Детската клиника во Скопје, од каде родителите биле известени дека починало.

Таткото Драгољуб Китоски од Ресен изреволтиран обвинува дека не бил известен на време за влошената здравствена состојба на бебето.

Од Клиничката болница велат дека ги презеле сите потребни мерки. Состојбата на детето одеднаш се влошила и било транспортирано за Скопје, а родителите на време ги известиле.

„Се породи во петокот и докторот и помошниот тим ми го честитаа синот. Рекоа дека е во ред. Сопругата истиот ден околу 19 часот на телефон ми јави дека медицинска сестра ѝ рекла дека бебето не е во ред. Ѝреков да им го даде телефонот да ме побараат. Но, повик не добив и мислев дека е во ред. Другиот ден кога ја посетив во 15 часот ми кажаа дека синчето е во критична состојба и да сум се молел на Бога. Организираа транспорт и јас не го видов пред да го пратат за Скопје, не ни знам дали живо го изнесоа одовде”, вели таткото.

Таткото вели дека ќе ангажира адвокат и дека ќе ги тужи.

На почеток