Македонија

Пожар во Валандово: Гори сува трева, постои опасност од проширување

Пожар над село Марвинци општина Валандово, близу археолошки локалитет Исар, известуваат од РЦУК Струмица. Гори сува трева и прнар.

На терен се излезени 3 ПП возила и 8 пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија со 1 ПП возило и 3 пожарникари.

Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во близина на пожарот има штали. Во моментот има уште еден активен пожар на територија на општина Валандово во село Чалаклија.

Гори сува трева и пожарникарите се на терен. Поради поголема опасност, акцент се става на првиот пожар.

На почеток