Приведен крадец од Битола, однесен во затвор за издржувањер затворска казна од седум години и единаесет месеци
Од
Објавено на
На 01.07.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување“ во Кичево го приведоа Н.Н.(37) од Битола.
За него била распишана потерница од Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“, со која се барал за издржувањер затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби“.
Н.Н. бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп“ за издржување на казната.