ЈП Охридски Комуналец на терен со редовни и вонредни активности
,,Оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец на терен со редовни и вонредни активности:
-Редовно косење и наводнување во градски парк
-Косење на тревни површини во просторот на поранешна касарна, околу скејт-паркот кај канал Студенчишта, тековно одржување на просторот околу детските игралишта на ул. Булевар Туристичка и во населба Видибишта, потоа ул. Булевар Туристичка и отстранување ниска вегетација ул. Кленоец
-Чистење на неуредна и дива вегетација во селата Коњско, Орман и Љубаништа
-Секојдневно плевење на леите со цветни насади и декоративни садници во градски парк, ул.Македонски Просветители и ул.Димитар Влахов”, известуваат од ЈП Охридски Комуналец.