Свет

Кремљ: Не планиравме да убиеме германски производител на оружје, тоа се лажни вести

Се огласи Кремљ: „Прва добра вест од Газа“

Германското МВР денеска не ги коментираше медиумските написи за можниот атентат на директорот на воениот концерн Рајнметал, кој наводно стои зад Русија, но укажа на влошувањето на безбедносната состојба, наведувајќи дека „многу сериозно ги сфаќа безбедносните закани “.

„Не коментираме поединечни случаи на безбедносни закани, но едно е сигурно: ги сфаќаме овие закани предизвикани од руската агресија многу сериозно“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (Социјалдемократската партија на Германија СПД).

Американскиот CNN и германскиот весник Sueddeutsche Zeitung претходно објавија дека американските тајни служби ги информирале своите колеги во Германија дека Кремљ подготвува атентат врз директорот на германскиот воен концерн Rhenmetall, Армин Папергер. После тоа за 61-годишниот бизнисмен се зголемени безбедносните мерки.

Папегер уште во мај рече дека „има луѓе на кои не им се допаѓа тоа што го работи“ и дека германската влада е загрижена за неговата безбедност „за што тој е благодарен“.

Неименуван претставник на германската влада ги потврди предупредувањата од САД до медиумите.

Концернот Рајнметал произведува тенкови и артилериска муниција што се доставува во Украина и во моментов гради објект за поправка на тенкови во Украина.

Владејачката Либерално-демократска партија (ФДП) побара вонредна седница на германскиот Совет за безбедност. „Ако медиумските извештаи се покажат како вистинити, германската влада мора да повлече јасни последици“, рече портпаролот на пратеничката група на ФДП, Рајнхард Хоубен.

Русија ги демантираше вестите за вмешаност на Кремљ во планираниот атентат на германски индустријалец.

„Ваквите вести не можат да се сфатат сериозно. Тоа се лажни вести“, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

Германското Министерство за внатрешни работи укажа на апсењето на двајца осомничени во април, кои наводно планирале да ги саботираат германските воени објекти поврзани со помошта за Украина.

„Ќе направиме се за да ги спречиме руските саботажни обиди во Германија“, рече Фезер.

На почеток