Парализирани аеродромите ширум светот: Летовите се откажани, авионите приземјени
Огромен глобален проблем во комуникациските системи ги погоди аеродромите ширум светот – авионите се приземјени, а летовите суспендирани.
На аеродромот во Сиднеј, информациите исчезнаа од таблите за поаѓање и авиопревозниците како Џетстар и Вирџин Австралија рекоа дека имало „тотален прекин на летовите“.
Неколку часа пред ова, слично нешто се случи и во САД, каде што Федералната управа за авијација соопшти: „Сите летови на неколку големи компании, вклучително и „Делта“, „Јунајтед“ и „Американ ерлајнс“, денеска беа прекинати поради проблеми во комуникацијата.
Американ Ерлајнс, најголемата ваква компанија во светот по број на патници, за Би-Би-Си вели дека полетувањето не е дозволено и дека е во контакт со сите пилоти кои моментално летаат.
Во него се наведува дека проблемите со ИТ биле предизвикани од „технички дефект на Crowdstrike што влијае на многу оператори“. Авиокомпанијата додава дека работи со фирма за ИТ безбедност за да се реши проблемот што е можно поскоро.
Исто така, денеска е запрен авиосообраќајот на аеродромот во главниот град на Германија, Берлин, а сите аеродроми во Шпанија пријавиле „инциденти“ поради технички проблеми.
Погоден беше и аеродромот во Амстердам, велејќи дека „ИТ дефект предизвикува проблеми и при пристигнувањето и полетувањето“, иако не кажаа точно колку летови биле погодени.
Не изостана ниту Азија – аеродромот Нарита, на околу 60 километри од Токио, соопшти дека превозниците etStar, Jeju Air, Qantas, HK Express и Spring Japan имале проблеми со нивните системи.
Исто така, еден корисник на Твитер објави убава слика од Индија – рече дека повеќето аеродроми во таа земја се погодени, па неговата „бординг карта“ била напишана рачно.
Во Нов Зеланд меѓународниот аеродром „Крајстчерч“ изјави дека „има ИТ проблеми кои можат да влијаат на пристигнувањето и полетувањето“, а Парламентот на оваа земја објави дека нивната компјутерска мрежа не работи.