Камала Харис му порача на израелскиот премиер дека е време да се стави крај на војната во Газа
Камала Харис, потпретседателката на САД и најверојатниот кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември, одржа, како што вели, „искрени и конструктивни“ разговори со Бенјамин Нетанјаху, премиерот на Израел.
Држејќи се до поостриот тон од претседателот Џозеф Бајден, Камала Харис вели дека јасно му кажала на израелскиот премиер својата „сериозна загриженост за жртвите во Газа“ и дека како Израел се брани е многу важно.
„Време е оваа војна да заврши“, рече таа по средбата еден на еден со Нетанјаху во Белата куќа.
Потпретседателот на САД ја истакна потребата од пат кон формирање на две држави, како решение за мир, повикувајќи ги Американците да бидат свесни за нијансите на конфликтот.
Пред Камала Харис, Нетанјаху се сретна со актуелниот претседател Џозеф Бајден, кој во неделата се откажа од учеството во кампањата за претседателските избори. Израелскиот премиер одржа жесток говор во американскиот Конгрес за „тотална победа“ над Хамас, додека илјадници палестински демонстранти протестираа надвор.
Израелскиот премиер се соочува со зголемен притисок и дома и во странство да стави крај на војната во Појасот Газа, која трае помалку од десет месеци.
Силната поддршка на Бајден за Израел налути многу левичарски активисти, чија поддршка можеби ќе им треба на демократите доколку сакаат да победат на претседателските избори во ноември.
Како што се вели, постои голем интерес за позицијата што Камала Харис би можела да ја заземе кон Израел доколку го замени Бајден во Белата куќа. Нивната средба траела 40 минути. Потпретседателката рече дека има „непоколеблива посветеност“ на Израел и неговото право да се брани.
„Не смееме да дозволиме да отрпнеме од страдање и нема да молчам“, рече таа и продолжи:
„Да постигнеме договор за прекин на огнот и завршување на војната. Да ги вратиме заложниците дома и да ја доставиме потребната помош на палестинскиот народ“.
Нетанјаху попладнево ќе се сретне со Доналд Трамп, кандидатот на Републиканската партија:
„Го познавам Бајден 40 години. Американскиот претседател ги познава сите премиери на Израел во последните повеќе од половина век. Од горд еврејски ционист до горд ирско-американски ционист, сакам да ви се заблагодарам за 50 години јавна служба и 50 години поддршка за државата Израел“, му рече тој на Бајден.
Бајден возврати дека Голда Меир е првиот израелски премиер што го запознал и дека негов помошник бил Јицак Рабин.
Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа, рече дека Бајден и Нетанјаху разговарале за итната потреба да се постигне договор за ослободување на заложниците, заканата од ширење на конфликтот во Либан и заканата од Иран.
Меѓу заложниците кои Хамас ги киднапираше во нападот на 7 октомври минатата година, има и седум американски државјани.