Медиасет

Проблем во Париз: Сена загадена, натпреварувањето одложено

Поради загадувањето на реката Сена, натпреварувањето во триатлон е многу потешко.

Триатлонот не оди баш најдобро во Париз, бидејќи тренинзите беа откажани втор ден по ред поради загадувањето на реката Сена.

Во понеделник рано наутро организаторите на Олимписките игри и Светската организација за триатлон соопштија дека квалитетот на водата во реката Сена е далеку под прифатливите стандарди и дека одлучиле да ги прекинат активностите поради здравјето на спортистите.

Во вторник требаше да започне машкиот триатлон, но поради лошиот квалитет на водата (односно големата загаденост на реката) натпреварот се одложува, што може да направи проблем бидејќи 1 и 2 август се фиксирани во програмата.

Доколку квалитетот на водата не се подобри, пливањето ќе биде откажано и затоа натпреварот ќе стане дуатлон со трчање и возење велосипед, но без пливање.

Тестовите во јуни покажаа дека квалитетот на водата е доволен за натпреварувањето во Париз, но веднаш на стартот на Олимписките игри, сето тоа во пракса беше демантирано.

Освен во пливање, натпреварувањето ќе се одвива според планот, па ќе видиме како ќе се одвива планот.

На почеток