Македонија

Повредени две лица од Штип, со возилото излетале од патот

На 29.07.2024 во 14.43 часот во СВР Штип било пријавено дека на регионалниот пат Штип-Плачковица, во близина на влез во с.Стар Караорман, штипско, патничко возило „фолксваген поло“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.И.(23) од Штип, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот И.Ј.(23) од Штип, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На почеток