Свет

Масовно бегство на Украинците: Жестоки престрелки, доаѓаат Русите

Украинските цивили принудени да го напуштат важниот град Покровск на истокот на земјата.

Русите, всушност, напредуваат кон градот и покрај неодамнешниот блицкриг на Киев во областа Курск со надеж дека руските сили ќе бидат принудени да ги повлечат своите сили од источниот фронт.

Локалните власти соопштија дека руските сили напредувале толку брзо што на семејствата со деца им било наредено да го напуштат градот и околните градови и села.

Некои украински цивили плачеа додека чекаа да се качат во возот за да избегаат од борбите.

Наталија Иванјук изјави за Скај њуз дека бучавата од експлозиите од руските напади е насекаде додека таа и нејзините ќерки, на возраст од 7 и 9 години, го напуштале својот дом во блискиот Мирноград, кој е на помалку од 10 километри од линијата на фронтот.
„Беше страшно, страшно. Едвај излеговме“, рече таа.

Украинската војска соопшти дека вчера нејзините сили биле изложени на десетици напади на руските сили во околината на Торечко и Покровски, од кои некои траеле до ноќта.

Беше објавено дека биле регистрирани 63 престрелки околу Покровск, клучен логистички центар и важно одбранбено упориште во регионот на Доњецк.

На почеток