Нова ерупција на Исланд: Силни земјотреси го тресеа островот, а потоа изби лава
Вулкан во југозападен Исланд, на полуостровот Рејкјанес, синоќа еруптираше по шести пат од декември, исфрлајќи лава.
Ерупцијата започна нешто по 21 часот, по серијата силни земјотреси, пренесува АП.
Исландските власти соопштија дека ерупцијата не му се заканува на населението.
Шефот за временски услови и клима во Норвешката метеоролошка агенција, Халдор Бјорнсон, за исландскиот портал „Висир“ изјави дека, за разлика од претходните ерупции, протокот на лава не оди кон градот Гриндавик, кој беше евакуиран во декември кога еруптираше вулканот по пауза од 800 години.
Геофизичарот Магнус Тума Гудмундсон изјави дека градот Гриндавик не е во опасност.
„Се разбира, не знаеме што ќе се случи во блиска иднина, но веројатно е дека оваа (ерупција) го достигна својот врв и ќе почне да слабее како и другите ерупции“, рече тој.
Ерупцијата не се очекува да влијае на воздушниот сообраќај, според АП.