Жестоки руски напади кај Покровск во Доњецк, Украинците принудени да се повлечат


Украина тврди дека 122 руски војници се убиени, а 201 е ранет денеска во правец на градот Покровск во Доњецк, Украина.
Генералштабот на вооружените сили на Украина денеска на Фејсбук објави дека во текот на 24 часа имало 144 борбени конфликти на украинскиот фронт, од кои една третина се случиле во близина на Покровск.
Украинскиот Генералштаб наведува дека руските сили извршиле 49 воздушни напади со 56 проектили, како и употреба на 556 беспилотни летала и извршени повеќе од 3.300 напади врз позиции на украинските војници и населени области, пренесе Укринформ.
На Покровскиот фронт, украинските бранители спречиле 53 руски напади во близина на 11 различни населени области. Русите биле најактивни во близина на населбите Новохродивка, Николајевка, Птиче и во правец на Зелени Поље.
Забележано е дека украинските сили во правец на Харков денеска елиминирале или раниле 69 руски војници, како и уништиле тенк, три артилериски системи и 63 руски беспилотни летала.
Додека руските сили се движеа кон патот Е-50 (Донецк-Покровск) во последните недели, тие веројатно им се заканија на украинските сили со опкружување, што доведе до повлекување на Украина. Портпаролот на украинската бригада на Покровскиот фронт на 22 август призна дека овој руски напредок ги поттикнал украинските сили да се повлечат за да го заштитат својот персонал.
Некои украински команданти на Покровскиот фронт, исто така, изјавија за Асошиетед прес во статија објавена на 22 август дека новите украински регрути во регионот повремено се повлекуваат од своите позиции.
