Македонија

Јанчева: СДСМ е на страна на скопјани, ДПМНЕ ако добила согласност да ги гласа програмите

Советничката на СДСМ Љубица Јачева на денешната седница на Советот на Град Скопје истакна дека програмите треба да бидат усогласни согласно ребаланост усвоен на минатата седница, доколку постои искрена желба содржаното во програмата да биде реалзирано до крајот на годината.

Советничката група на СДСМ и коалицијата ќе ја поддржи програмата, се надевам и мнозинството во Советот, доколку добило зелено светло од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Јачева.

Во однос на наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека доставувале предлози за ослободување од комуналии, Јачева потсети дека тие се доставуваат само врз основа на усвоена програма за уредување.
Доставувате точки за ослодобување од комуналии крајно популистички, без пресметани суми, па го доведовте овој совет во неблагорадна состојба да гласа и да „одгласува“, односно да носи решенија за непостапување. Само јавноста да знае колку е искрена желбата ВМРО-ДПМНЕ општините да бидат ослободени од комуналии, истакна советничката на СДСМ Љубица Јачева.

На почеток