Свет

Короната коси во Грција, минатата недела починати 39 лица, 38 на респиратор, хоспитализирани 815

Во периодот од 19 до 25 август регистрирани се нови 815 хоспитализирани лица заразени од Ковид-19 а вкупно 38 пациенти се приклучени на апарати. Починати од короната за една седмица се 39 лица.

Летниот пораст на вирусната активност оваа година започна порано за разлика од летото во 2023 година и досега се чини дека се карактеризира со поголем број хоспитализации, но помал број пациенти приклучени на апарати и смртни случаи во споредба со лани, пишува во неделниот извештај за Ковид-19 во Грција на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Од ЕОДИ соопштуваат дека од крајот на пролетта доминира варијантата BA.

На почеток