Македонија

Владата ќе ја ограничи цената на училишните производи

Премиерот, Христијан Мицкоски изјави дека се прават анализи за намалување на трошоците на родителите на почетокот на учебната година.

Се планира да се лимитираат цените на производите кои најмногу им се потребни на родителите.

„Правиме анализа на сите трошоци и мислам дека во текот на денов ќе биде готова и утре на седница на Владата ќе излеземе со план за лимитирање на цените на производите кои се неопходни за успешен и порелаксиран старт на учебната година, но и периодот после летото да можеме да го поминеме“, изјави Мицкоски.

На почеток