Андоновски во работна посета на Словенија
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски овие денови е во официјална посета на Република Словенија. За време на својот престој тој се сретна со својата колешка која е со потекло од Македонија, Емилија Стојменова-Дух министерка за дигитална трансфромација во владата на Словенија.
Министерот оствари средба и со директорот на Управата за сајбер безбедност на Словенија, како и со градоначалникот на Марибор, Александар Саша Арсенович.
Андоновски беше дел и од собирот во организација на Македонско културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Крањ каде што имаше можност да им се обрати на бројните припадници на македонската дијаспора.
На последниот ден од престојот во Словенија министерот ќе учествува на Бледскиот стратешки форум, еден од клучните настани кој се однесува на меѓусебната соработка во Западен Балкан.