Свет

Почина Бора Чорба

Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ, почина денеска, 4 септември, на 72-годишна возраст.

Бора почина во болница во Љубљана, каде што беше примен поради сериозни проблеми со белите дробови.

Официјалната веб-страница на групата „Рибља чорба“ ја објави веста за неговата смрт.

„Почитувани пријатели, со голема тага ве известуваме дека нашиот пријател и брат, Борисав Бора Ѓорѓевиќ не напушти. Почивај во мир драг наш Боки. Борисав Бора Ѓорѓевиќ. 01.11.1952 – 04.09.2024 година”, стои во соопштението.

На почеток