Медиасет

Стигна конечната одлука за допинг скандалот на Синер, одговорот кој сите го чекаа

Синер се повлече од Мастерсот во Париз

Светската антидопинг агенција (ВАДА) одлучи да не поднесе жалба до Судот за спортска арбитража (CAS) на пресудата на Јаник Синер во случајот со неговиот допинг скандал, пишува италијанскиот „Кориере дела сера“.

Само еден ден по победата на УС Опен, Јаник Синер мораше да се грижи, бидејќи ВАДА, како и италијанската антидопинг агенција (НАДА), можеа да поднесат жалба на одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА).

Сепак, тоа не се случи, а CAS за „Коријере“ потврди дека Синер е ослободен од сите обвиненија.

Со тоа избегна пенали кои можеа да бидат погубни за него и за неговата кариера. Така ги задржа титулите од УС Опен и Мајами и сите бодови што ги освои по Синсинати.

Да се ​​случеше спротивното, суспензијата ќе важеше од моментот кога беше утврдена контаминацијата, односно Индијан Велс, по што ќе му беа одземени сите постигнати резултати.

На почеток