Радев пред средбата со Сиљановска: Очекуваме конечно да се решат отворените прашања
Бугарскиот претседател Румен Радев утрово, пред посетата на претседателката Гордана Сиљановска Давкова на Софија потврди деја ќе имаат официјални раговори, но порача дека Владата на Република Северна Македонија се уште не ја напуштила предизборната реторика и дека треба да се врати на реализмот.
„Точно е дека музиката и културата се сфери кои не зближуваат. Бугарија отсекогаш била отворена за дијалог со Република Македонија и очекува овој дијалог не само да помогне во нашето културно зближување и да даде поттик на економската соработка, туку и да отвори дијалог за конечно решавање на отворените прашања меѓу нас“, рече Радев.
Владата на Република Северна Македонија се уште не ја напуштила предизборната реторика. Нека се вратат на реализмот. Нашите односи ќе се засноваат на склучените договори. Очекуваме РСМ да ги исполни сите свои обврски – и кон нас и кон Европската Унија. Ние строго го следиме протоколот, на ред сум сега јас да дојдам во официјална посета на Република Македонија“, рече Радев во врска со денешната посета на Сиљјановска Давкова, која е неофицијална.