Свет

Израел и Хезболах разменуваат напади: Израелската војска го гаѓаше јужниот дел на Либан, а Хезболах го нападна северен Израел

Израелската армија соопшти: Војната во Појасот Газа ќе трае цела година

Израелската војска соопшти дека извршила воздушен напад врз ќелија на Хезболах во Либан, која во текот на ноќта пукала кон областа на градот Афула и дека ги уништила фрлачите на оваа милитантна организација.

Во соопштението се наведува и дека израелски авиони погодиле десетици цели на Хезболах во неколку области во јужен Либан, при што секундарните експлозии укажуваат на тоа дека во зградите било складирано оружје, пишува Тајмс оф Израел.

Во текот на ноќта, милитантите на Хезболах извршија моќен ракетен напад врз воениот аеродром во близина на градот Афула и воздухопловната база Рамат Давид во Израел, пренесоа либанските медиуми, повикувајќи се на соопштение на организацијата.

Израелската војска соопшти дека Хезболах истрелал околу 20 ракети во северен Израел во три одделни рафали, од кои сите биле пресретнати од системите за противвоздушна одбрана или паднале на отворени области.

Во соопштението на армијата се наведува дека израелскиот авион ги погодил изворите на ракетниот оган.

Најмалку 492 лица загинаа, а повеќе од 1.645 се ранети во вчерашните раширени израелски воздушни напади насочени кон цели на Хезболах во јужен Либан, соопштија либанските власти.

Вчера Хезболах лансираше повеќе од 200 ракети кон Израел, предизвикувајќи сирени да се активираат низ северен Израел, во близина на Хаифа, до некои населби на Западниот Брег, во близина на Тел Авив.

На почеток