Македонија

Продолжуваат високите температури: Сепак денес и утре ќе има повеќе облачност и краткотраен локален дожд

Денес (вторник), како и утре (среда) територијата на нашата Македонија ќе се наоѓа во предниот дел на висинскиот циклонски систем кој ќе биде со центар некаде над Средоземјето. Во ваква ситуација кај нас ќе има нешто повеќе облачност, а локално се очекува и појава на повремен дожд, а има услови и за појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет.

И во Скопскиот регион времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во делови од регионот ќе има услови за повремен дожд, а има услови и за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени. Во Скопје температурата ќе се искачи до околу 28, 29 степени.

На почеток