Свет

Во Германија уапсени четири лица под сомнение за нелегален шверц на мигранти

Најмалку четири лица се уапсени рано утринава во југозападна Германија во серија рации под сомнение за криумчарење мигранти, изјави портпаролот на федералната полиција.

Рациите се извршени во Манхајм и во околината на Карлсруе и Вормс, а претресени се вкупно 24 објекти, пренесува Ројтерс.

Претставник на полицијата изјави дека во рациите биле вклучени вкупно 400 полицајци, како и припадници на федералната полиција, државното обвинителство и федералната царинска служба.

Рациите беа покренати во случај на група мигранти од кавкаскиот регион кои беа прокриумчарени во Германија за да работат нелегално и да добиваат плата под законскиот минимум, изјави портпаролот на федералната полиција.

На почетокот на овој месец, германската влада воведе построга контрола на сите копнени граници на Германија како дел од борбата против нерегуларната миграција и за заштита на населението од безбедносни закани.

На почеток